Почитувани, во процес сме на пуштање на нова веб страна. Доколку имате проблеми во процесот на правење нарачка, Ве молиме контактирајте со нас на  070/279-801

Столица висока Twist & Sit

Шифра: S270
Залиха:
Цена: 22.995,00 мкд
Испорака
Бесплатна достава за нарачки над 3000 мкд.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Сподели:

Дополнителни информации:

Добро е да знаете
-Оваа барска столица има одличен и стилски дизајн
-Твист & Сит столицата е лесно подвижна
-Твист & Сит столицата е идеална за секоја канцелариска средина

Димензии:

Ширина455 mm
Длабочина465 mm
Висина 945 mm
Висина на седиштет735 mm

Боја: комбинација од 2 бои, во зависност од вашиот избор
Материјал: челик и полиестер
Стил: минималистички
Тркала: нема
Прилагодлива висина: не

Комбинирај со...
За релаксација или за кратки состаноци комбинирајте го овој барски стол со високите барски маси на Нарбутас: NOVA или LIGHT.

Зошто го сакаме
Столиците Твист & Сит се издвојуваат по своите минималистички, елегантни префинети линии и впечатливиот визуелен идентитет создадени од данското дизајнерско дуо Кристина Странд и Нилс Хвас. Со својот низок потпирач за грб, столчето ја обезбедува потребната количина на поддршка, правејќи ви удобно чувство додека уживате во вашите омилени оброци, пијалоци или разговори.

Воедно столицата Твист & Сит додадава допир на скандинавска елеганција и модерна функционалност во било кој простор: во вашата канцеларија, кујна или трпезарија. Со визуално впечатливиот скандинавски дизајн, Твист & Сит столчињата нудат перфектна комбинација од експресивност, импровизирана слобода и разновиден стил.

Додека пак контрастните бои на седиштето доловуваат чувство на ексклузивност во просторот. Металните основи имаат помодерен изглед и се попрактични, додека дрвените и даваат на канцеларијата потопол изглед. Ако сте во потрага по едноставна барска столица која што би се вклопувала во вашиот простор и пред се ќе биде практична и функционална, тогаш Твист & Сит барските столчиња се вистинскиот избор за вас.