Почитувани, во процес сме на пуштање на нова веб страна. Доколку имате проблеми во процесот на правење нарачка, Ве молиме контактирајте со нас на  070/279-801

Столица висока Moon

Шифра: S271
Залиха:
Цена: 18.710,00 мкд
Испорака
Бесплатна достава за нарачки над 3000 мкд.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Сподели:

Дополнителни информации:

Добро е да знаете
- Ова барско столче е елегантен и модерен избор за вашиот канцелариски простор
- Moon столицата е лесно преносливa
- Барското столче Moon нуди флексибилно решение за седење кое лесно се прилагодува на различни простори, за различни намени

Димензии:

Ширина470 mm
Длабочина560 mm
Висина1030 mm
Висина на седиштето770 mm

Боја: во зависност од вашиот избор
Материјал: тапациран со ткаенина, со изглед на кожа или вистинска кожа
Стил: минималистички
Тркала: нема
Прилагодлива висина: не

Комбинирај со...
За елегантен и модерен работен простор, комбинирајте го Moon столчето со високата маса LIGHT или со ергономскотa електрична маса МОТТО.

Зошто го сакаме
Карактеристични по нивниот минималистички дизајн, овие столчиња беспрекорно се интегрираат во секоја модерна канцеларија без да го преоптоварат просторот, но сепак, со опцијата за избор на живи бои, тие можат да послужат како стилски фокусни точки. Без разлика дали ќе ги поставите на места за релаксација, простори за јадење или за кратки состаноци, MOON столчињата нудат флексибилно решение за седење кое се прилагодува на различни намени и простори.

Изборот на материјали и бои дополнително ја подобрува приспособливоста на Moon столовите на различни средини. Опциите за тапацир вклучуваат ткаенина, изглед на кожа или вистинска кожа, што одговара на преференциите за удобност, издржливост и естетика. Тапацирот од ткаенина додава топлина и удобност на местата за релаксација, додека кожните опции нудат практичност на места каде што има често луѓе, лесно се чистат и одржуваат.

Моноблок потпирачот за грб обезбедува оптимална потпора, промовирајќи добро држење на телото и намалувајќи го ризикот од болка или напрегање. Со минималистичка силуета, разновидна употреба, широк избор на материјали и бои,и внимание на деталите, столчињата MOON се издвојуваат како супериорно решение за седење, збогатувајќи го просторот со практичност и естетска привлечност.