Заштита на личните податоци
Со цел да се процесира вашата нарачка потребни ни се Вашите име, адреса, e-mail и телефон. Преку доставените податоци, ние ќе бидеме во можност да направиме испорака на нарачаните производи, како и да ве известиме за статусот на пратката. Од наша страна ветуваме дека приватноста на сите наши клиенти/купувачи ќе биде зачувана и заштитена. Потребни ни се само основните информации за нашите клиенти/купувачи заради информирање во согласност со добрите деловни навики и со цел да се обезбедат поквалитетни услуги. Нашите корисници имаат избор вклучувајки ја и одлуката за тоа дали сакаат да бидат избришани e-mail базата. Сите информации за клиенти/корисници се строго доверливи и достапни само за вработените на кои им се потребни за извршување на работата. Сите вработени во KLEVER-MK се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста. Ние се обврзуваме дека собраните податоци не ги користиме во било која друга цел, ниту ги споделуваме со трети лица.
Според наведеното, собираме, анализираме и ги обработуваме податоците за производите кои нашите корисници ги бараат и ги купуваат, како и страницата која ја посетуваат. Тие податоци и информации ги користиме со цел да ја подобриме нашата понуда и изгледот на нашиот сајт, за да можете полесно да го користите, за поквалитетно и побезбедно шопинг искуство.
Klever.com.mk користи „колачиња“ со цел користењето на страницата да се прилагоди на Вашите потреби. „Колаче” (cookie) е текстуален фајл кој е сместен на хард-дискот на Вашиот компјутер од страна на веб серверот и не може да се користи за да стартува програм или да пренесе одреден вирус на компјутерот. Колачето е наменето за Вас како корисници и единствено може да биде прочитано од страна на веб серверот во домен кој ви го испратил. Основна цел на „cookies” е да обезбедат бенефиции кои ќе ви заштедат време.
Со потврдување на Вашата нарачка се согласувате Контролорот KLEVER-MK, Скопје, да изврши прибирање, чување, обработка и пренос на Вашите лични податоци и тоа: Име и презиме, телефон за контакт, адреса за достава и опционално електронска пошта.
Контролорот ќе го врши прибирањето, чувањето, обработката и преносот на личните податоци на законски начин, согласно одредбите и начелата на Законот за заштита на личните податоци (Службен весник на РСМ бр.40/20), заради остварување на следните цели: исполнување на договорна обврска – достава на нарачаниот производ, како и за идни маркетинг цели. Преносот на личните податоци може да се врши на сервери кои исполнуваат високи технички стандарди на безбедност и заштита на електронски системи и кои може да се наоѓаат на територија на Република Северна Македонија, како и во странски земји кои ги исполнуваат соодветните критериуми согласно закон и врз основа на одобрение на Агенцијата за заштита на личните податоци.
Контролорот Ве известува дека имате право да извршите увид во Вашите лични податоци, да побарате нивна измена, како и да побарате Вашите лични податоци да бидат избришани од нашата база на податоци. Овие права може да ги остварите со поднесување на Ваше барање на следните начини: преку електронска пошта на email [email protected], на телефонскиот број 02 3-298-698 или може да го контактирате Офицерот за заштита на лични податоци Голуба Митевска на електроснката поштa [email protected] или телефонскиот број 070279665 .
Согласно член 38 од Законот за заштита на личните податоци, Контролорот ќе Ве извести за секое нарушување на безбедноста на Вашите лични податоци кое може да доведе до прекршување на Вашите права како субјект на лични податоци.
Контролорот ќе ги чува Вашите лични податоци 1(една) година од последната направена нарачка. Во случаи кога производот кој го имате нарачано односно купено, подлежи на гарантен рок подолг од 1(една) година, Контролорот ќе ги чува Вашите податоци за целото времетрање на гаранцијата, а заради остварување на Вашите законски права кои произлегуваат од гаранцијата.
Согласност и промена на условите
Користење на нашите услуги подразбира согласност од корисникот со гореспоменатите услови за користење. Klever.com.mk се обврзува дека ќе се придржува на сѐ што е погоре наведено, а сите промени на условите ќе станат валидни само по објавувањето на оваа страница и испраќање e-mail известување до сите регистрирани корисници.