Бесплатна достава за нарачки над 3000 мкд.
Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!
Време на испорака: 1-2 работни дена
Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!
Време на испорака: 1-2 работни дена
Патентираната апаратура за добивање на БИО СЕПТ е развиена во соработка со повеќе институти на Академија на науки во Русија.
БИО СЕПТ е одобрен како средство за дезинфекција за општа употреба од страна на Министерството за здравство на Република Македонија.
Што е БИО СЕПТ?
1. БИО СЕПТ е рН неутрален до благо базен препарат кој се добива од физиолошки раствор со негово активирање по електорхемиски пат во специјално дизјаниран електролизер
2. Кога се аплицира на површина, БИО СЕПТ го ослободува активниот кислород кој е дел од формулација и истиот при контакт со органска материја (нечистотија контаминирана со бактерии,габи, фунги, мувли, вируси) бурно реагира и ги уништува комплетно
3. Bio Spet брзо ги напаѓа и ги елиминира загадувачите, а по нејзината реакција, остатокот на третираната површина се вода со траги од сол, што е нештетен остаток за Вашата опрема или нашата планета.
4. БИО СЕПТ треба да се чува на темно и ладно место.
На што делува БИО СЕПТ?
Активниот кислорот или електролизираната вода се користи со децении како многу ефикасен и безбеден препарат за дезинфекција на вода за пиење, миење на свежи производи, одржување на вода во базени, дезинфекција на рани на кожа и слузокожа итн. Ова е еден од најмоќните оксиданти кој ги "напаѓа" бактериите,вирустие,маувлите и габите, а и неутрализира непријатни миризби.
Хемикалиите за чистење и дезинфекција кои се измислени за да не заштитуваат од болести, веќе ги покажуваат нивните негативни последици на човечкиот род, општите добра и планетата. Секоја година милиони литри од средства за чистење и дезинфекција се користат насекаде околу нас (во деловните простори, болници, школи, продавници, ресторани, домакинства, итн.) Тие хемикалии се испуштаат во отпадните води и во почвата, гасовите од исисте се испуштаат во атмосферата, а остатоците се оставаат без дополнителен третман,што резултира во бројни здравствени проблеми,како што се респираторни проблеми, изгореници,осип на кожата, невротоксини, ендокрини нарушувања итн.
БИО СЕПТ е препарат кој има НУЛА штетни хемикалии, НУЛА штетни гасови, НУЛА штетни резидуи, кој е 100% безбеден за ракување,100% безбеден за употреба, 100% безбеден за животната околина и обезбедува подобра дезинфекција за помалку време, без потреба од плакнење на третираните површини!
БИО СЕП нуди:
- брза и ефикасна дезинфекција
- дезинфекција без штетни хемикалии
- дезинфекција без потреба од плакнење
- употреба без претходна обука на персоналот
- употреба без користење на заштини средства
- докажана ефикасност при употреба во болници, ветеринарни станици, штали,ресторани, финтес и козметични салони,хотели, кујни, училишта, детски градинки,прехрамбени фабрики, млекари, пекари, месна индустрија и месари, домакинства итн.
- решение за проблемот со резитетноста и создавањето на био филмови
- примена на високите научни достигнувања за третман на бактерии, вируси, мувли и габи.
Какви заштеди се очекуваат?
• Нема потреба за промена на средствата за дезинфекција, бидејќи не дозволува микроорганизмите да создаваат биофилмови
• Нема потреба од испирање по употреба
• Нема потреба од сигурносна опрема за луѓето кои ракуваат и го користат производот
• Значително ја подобрува продуктивноста - повеќе ќе се направи за помалку време
• Значително ја намалува потрошувачката на вода (која би се користела за испирање на дезинфекционите средства)
• Значително ги намалува отпадните води
• Ги намалува боледувањата кои настануваат поради изложеност на хемикалии (труења со хемикалии)
• Ги намалува трошоците за одржување поврзани со одржување на опремата за чистење
Како се употребува?
BIO SEPT е дезинфекционо средство со широка примена, кој поради присуството на активен кислород не им овозможува на микроорганизмите да создадат биофилмови. БИО СЕПТ Е погоден за употреба на сите површини (стакло, пластика и не'рѓосувачки челик) освен некои видови обоен текстил,бидејќи може да предизвика промена на бојата. Моќната оксидирачка способност на активниот кислород го прави совршен за примена во: болници, ветеринарни станици,штали, ресторани, кујни, хотели, фитнес и козметички салони, училишта, детски градинки, целата прехрамбена индустрија, млекари, пекари, месари, домаќинства итн.
Покрај самата дезинфекција успешно ги елиминира непријатните мириси..