Почитувани, во процес сме на пуштање на нова веб страна. Доколку имате проблеми во процесот на правење нарачка, Ве молиме контактирајте со нас на  070/279-801

  • 0
  • 0
      Вашата кошничка е празна.
Што да земете во предвид при купување на ергономска  канцелариска столица?

Ако вашата работа вклучува седење подолг период, тогаш е важно да одберете ергономска канцелариска столица за да се чувствувате комфорно додека работите. Постојат различни типови ергономски столици, вклучувајќи традиционални канцелариски столици, модерни канцелариски столици, како и јога топки. Сите имаат различни придобивки и можат да се прилагодат на различни начини на работа.

Ако сакате да го подобрите вашето работно место, разгледајте го нашиот водич со нештата што треба да ги земете во предвид при изборот на ергономска канцелариска столица складна на вашите потреби.



1. Поставката на вашата канцеларија
Кога размислувате за типот на ергономска столица која што ви треба, треба да размислите и за тоа како е поставено вашето работно место. На пример, ако користите електрично биро и често ја менувате висината на истото при работа, користењето на Ergo Cozy 2 in 1 покрај традиционална канцелариска столица е идеално решение за вас.

Канцелариското столче Ergo Cozy 2 in 1 можете да го користите спуштено или подигнато, бидејќи ова столче има механизам за регулирање на висината. Оваа опција ви нуди доволно голема флексибилност за да не се чувствувате уморни кога сакате да работите испаравени.

Ако немате потреба од флексибилност на вашето работно место, може да размислите за друг начин на кој можете да останете активни додека работите. На пример, може да пробате да внесете покрај традиционалната канцелариска столица топка за седење. Топката за седење е идеална за употреба како дополнителен стол за да ве одржува активни додека работите. Leitz Ergo топката го поттикнува движењето на грбот и стомачните мускули, го подобрува држењето на телото и ја ублажува болката во грбот.


2. Начинот на кој што работите
Кога размислувате за типот на ергономско седиште за канцеларија што ви треба, размислите и за тоа како работите.
Многу студии покажале дека седењето во една позиција премногу долго може да предизвика болки во мускулите - па, наоѓањето канцелариско столче што поттикнува движење може да биде добро решение за да се избегнат овие видови повреди.

Размислете колку часови ќе седите на вашето работно место. Ако седите осум часа или повеќе, ќе ви треба столица што обезбедува соодветна лумбарна потпора. Кога седите подолги периоди, треба да размислите како да останете активни додека работите. Во оваа ситуација Ви предлагаме да комбинирате канцелариско столче со лумбарна потпора и топка за седење со што ќе можете да бидете константно активни, флексибилни и фокусирани.


3. Адаптибилност
Кога креирате ергономско работно место е важно да се осигурате дека е адаптирано на вашите потреби. Точната висина и положба што е за вас најкомфорна е клучното нешто на кое што треба да обрнете внимание.

При изборот на традиционална канцелариска столица, обрнете внимание на тоа дали столицата поседува механизам за регулирање на висина на седиштето, механизам за регулирање на висината на потпирачите за раце како и потпирачот за грб. Не ја заборавајте ја лумбарната потпора која ќе го чува и штити вашиот рбет од искривување, болки и напнатост.

При подесување на столицата вашите стапала треба да бидат рамни со подот, а колената под агол од 90. Лактите исто така треба да бидат под агол од 90, а рацете рамни со работната површина.


 
4. Мобилност
Ќе ви биде од голема корист ако вашата канцелариска столица е флексибилна. Ова може да ви помогне лесно да пристапите до различни канцелариски уреди и предмети без да морате да се протегнете и да се напрегнете над вашето работно биро.

Затоа при изборот обрнете внимание на подот на кој што планирате да ја поставите столицата, како и на нејзиниот механизам за движење. како на пример: подвижноста на тркалата, можноста за ротирање, како и можноста за заклучување на столицата во посакуваната работна позиција.


5. Издржливост
Издржливоста на канцелариската столица е критична за комфорот и продуктивноста на работното место. Ергономските канцелариски столици се дизајнирани да бидат издржливи.

Обрнете внимание на квалитетот на материјалот од кој е изработена столицата, таа треба да биде издржлива имајќи во предвид дека голем дел од денот поминувате користејќи ја.
Мрежестата ткаенина и дамаскот се едни од најпосакуваните и најиздржливите материјали за канцелариски столици.

Изборот на вистинска ергономска канцелариска столица зависи од неколку фактори, вклучувајќи ги поставката на вашето работно место, начинот на кој што работите, адаптибилноста, мобилноста и издржливоста. Важно е да изберете столица која ќе ви обезбеди соодветна поддршка, комфор и флексибилност за да го подобрите вашиот работен процес и да го заштитите вашето здравје.

За најдобриот избор на ергономска канцелариска столица која ќе одговара на вашите потреби, разгледајте ја понудата на канцелариски столици на Klever.mk. Вашиот комфор и здравје се важни - направете го правилниот избор за вашето тело!