Во денешната работна култура, каде што повеќето луѓе поминуваат повеќе од 8 часа на ден седејќи, столицата што ја користите не е само парче мебел - тоа е клучен дел од вашето здравје и продуктивност. Инвестирањето во ергономска работна столица повеќе не е луксуз, туку неопходност.
Болката е вистинска - Што велат бројките?
Според неодамнешните истражувања, 41% од вработените чувствуваат честа болка во вратот и рамената поради лошото држење на телото при седење и користење на неергономскиот мебел. Овие проблеми често се развиваат постепено, станувајќи хронични и тешки за справување доколку не се превземе соодветна интервенција.
Но, проблемот не застанува на вратот. Уште повисоки 43% од вработените страдаат од болки во долниот дел на грбот, една од најчестите причини за отсуство од работа и долгорочно боледување. Причината? Во повеќето случаи, тоа е канцелариски стол без поддршка што не ја следи природната кривина на 'рбетот.
Сепак, не се работи само за удобност - туку за здравјето и перформансите. Истражувањата покажуваат дека просечниот канцелариски работник седи и до 10 часа на ден, а над 60% од вработените во Европа пријавуваат мускулно-скелетна болка поради лошото држење на телото. Според истражувањата, само болките во грбот предизвикуваат 264 милиони изгубени работни денови годишно. Без ергономска поддршка, вашиот тим може тивко да страда - физички и професионално.
Што се случува кога не користите ергономска работна столица?
Кога седите на класични столици кои не се дизајнирани за долгорочна употреба, се јавуваат неколку проблеми:
Лошо држење на телото, што доведува до неусогласеност на 'рбетот
Намалена циркулација во нозете и стапалата
Зголемен замор, поради истегнување на мускулите
Намален фокус и продуктивност, предизвикани од постојана непријатност
Долгорочни здравствени ризици, вклучувајќи хронична болка и проблеми со зглобовите
Овие прашања не влијаат само на поединците - тие дирекно влијаат и на бизнисите преку нарушен работен тек и намалена продуктивност.
Што ја прави една столица ергономска?
Добра ергономска столица може да се прилагоди за да одговара на телото и работните навики на корисникот. Идеалната ергономска столица обезбедува:
Лумбална поддршка за долниот дел на грбот
Прилагодлива висина и потпирачи за раце
Потпирач за грб кој дише и ја поддржува природната кривина на 'рбетот
Вртење и подвижност за лесно движење
Удобност = Продуктивност
Ергономската столица е инвестиција во благосостојбата на вработените. Таа му овозможува на вашиот тим да работи подолго, поудобно и со поголем фокус. За возврат, вашиот бизнис добива поголема продуктивност и подобрени перформанси.
Подготвени за подобри перформанси во канцеларијата?
Истражете го нашиот избор на ергономски канцелариски столици дизајнирани да одговараат на различни типови на употреба, преференци на користиниците, распоред на канцеларии и буџети. Одберете ги вашите фаворити и дајте му на вашиот тим удобноста што ја заслужува.