Добредојдовте на нашиот водич за онлајн нарачки од Клевер-мк! Во денешно време, шопингот онлајн стана полесен од кога било, а со Клевер-мк можете да ги нарачате вашите омилени производи само со неколку клика. Овој водич е дизајниран да ви покаже како да го користите нашиот веб-сајт за брза и едноставна нарачка. Без разлика дали барате канцелариски материјали, промотивни подароци или канцелариски мебел, ние сме тука да ви помогнеме.
Следете ги нашите едноставни чекори и откријте како лесно можете да купувате онлајн!
Чекор 1: Најава или регистрација
Првиот чекор во процесот на онлајн нарачка на Клевер-мк е најава или регистрација на вашиот кориснички профил. Ако веќе имате сметка, едноставно внесете вашите кориснички податоци и најавете се. Доколку сте нови на страната на Клевер-мк, регистрирајте се за да создадете нов профил. Регистрацијата е брза и лесна. При регистрација ќе треба да внесете: име, презиме, е-пошта, телефонски број, адреса, држава, лозинка и потврда за лозинка. По завршувањето на овој чекор, ќе можете да се најавите и ќе бидете подготвени за следниот чекор во процесот на нарачување.
Чекор 2: Отворете го саканиот продукт и кликнете „Внеси во кошничка“
По успешната најава или регистрација, следниот чекор е да ги прегледате нашите производи и да го изберете она што ви е потребно. Кликнете на саканиот производ за да ја отворите страницата со детали, каде што можете да видите описи, фотографии и цените. Кога ќе одлучите, само кликнете на копчето „Внеси во кошничка“. Оваа акција ќе го добави производот во вашата кошничка, и ќе можете да продолжите со шопингот или да преминете на завршување на вашата нарачка. Лесно, брзо и удобно!
Чекор 3: Изберете начин на плаќање и кликнете на копчето „Нарачај“
По внесувањето на вашите информации, следниот чекор е да изберете начин на плаќање. Клевер-мк нуди различни опции, вклучувајќи плаќање со картичка, со фактура или при достава. Изберете ја опцијата која најмногу ви одговара и внимателно проверете ги сите податоци пред да продолжите. Кога сте сигурни дека сè е во ред, кликнете на копчето „Нарачај“. Вашата нарачка ќе биде обработена, и ќе добиете потврда за нарачката на вашата е-пошта.
Чекор 4: Внесете ги вашите банкарски податоци
По изборот на методот на плаќање, следниот чекор е да внесете вашите банкарски податоци. Доколку сте избрале плаќање со кредитна или дебитна картичка, потребно е да ги пополните следниве информации: бројот на картичката, датумот на истекување и CVV кодот. Осигурајте се дека податоците се точни и проверете двапати пред да продолжите, бидејќи тоа е важно за успешно завршување на трансакцијата. По внесувањето на сите потребни информации, кликнете на „Потврди плаќање“ за да продолжите со обработката на вашата нарачка. Вашите податоци ќе бидат обработени безбедно, а вие ќе добиете потврда за нарачката!
Зошто да купувате онлајн?
1. Брза испорака
Вашето задоволство е наш приоритет. Затоа, ние гарантираме брза и точна испорака на вашите нарачки. Посветете се на вашите задачи, а ние ќе ви ги донесеме потребните материјали на ваша адреса.
2. Персонализиран совет и помош
Нашиот тим од искусни професионалци е тука да ви помогне во процесот на избор
на правилните производи за вашиот работен простор. Од совети за избор на
најподходни мебел и материјали до персонализирани решенија за организација на
работниот простор, ние сме тука за вас.
Кај нас, вашето искуство е важно. Ние сме тука за вас, за да
го направиме опремувањето на вашиот работен простор едноставно, удобно и
пријатно. Одберете не и доверете ни ја грижата за вашите канцелариски материјали.
3. Извонредни понуди и попусти -заштедете пари
Кај нас ќе најдете извонредни понуди и попусти кои ви осигуруваат најдобри цени за квалитетни производи. Регистријате се на www.klever.com.mk, креирајте го својот профил, најавете се и разгледајте ги попустите и поволностите што ги нудиме. Следете не за да ги искористите најдобрите можностите за заштеда.