Постојат
многу видови на табли,
тоа го прави изборот на
вистинската тежок и
незгоден. Овде ќе
разгледаме неколку виови на канцелариски таблиу од асортиманот на Клевер-мк, за да можете да откриете полесно
што најмногу ви одговара на вас и на вашиот работен
простор.
1. Бели табли
Можете да ги запишете сите свои идеи на бела табла. Без разлика дали се работи
за пишување белешки, организирање работен состанок на кој ќе разменувате идеи
или создавање визуелно впечатлив распоред на работните задачи. Едноставно
белите табли се најпопуларниот избор за во канцеларија. Списокот на нешта кои
можете да ги направите со помош на бела табла е навистина долг. Белата боја на
таблата остава впечаток на чиста и уредна површина и се вклопува во секој
простор. Со употреба на различни магнети и други магнетни додатоци можете да го
прикачете на таблата секој документ или фотографија. На белите табли можете
слободно да пишувате, бришете и менувате информации според потребите. Ова е
идеално за динамични работни средини каде се бара брзо прилагодување. Но, сепак имајте на памет дека треба да внимавате
каков тип на маркер користите се со цел да не дојде до оштетување на истата.
2. Црни табли
Црните табли имаат долга историја низ канцелариските простории и остануваат до
ден денес како достоен сопатник на секој професионалец во секое работно опкружување.
Црните табли се исто така магнетни т.е можете да прикачите со помош на магнет
било кој посакуван документ или фотографија. Со својата универзална употреба,
оваа табла наоѓа примена во различни контексти како што се презентации,
рекламирање, едукација и цртање. При користење на оваа табла бирајте маркер соодветен
за пишување на табла, се разбира во светла боја. Kleve-mk поседува црни табли со различни
димензии 400х600 мм, како и 400х900 мм, истите можат да бидат со дрвена или
алуминиумска рамка. Црните табли можат да бидат одличен избор за канцеларии кои
сакаат да постигнат современ изглед и подобра видливост на белешките.
3. Плутении фелцни табли
Pinterest го добил своето име благодарение на предностите и
практичноста на оваа табла. Едноставен pinboard кој прави чуда за организирање канцеларија,
овозможувајќи ви лесно да оставате кратки пораки и белешки за колегите,
како и потсетници и списоци со задачи за себе. Без разлика дали ќе изберете плутена или фелцна табла.
Класичниот дизајн на нашите плутани и фелцни табли ви овозможува да оставите
уникатен, личен печат во домот, канцеларијата или работниот простор. Истакнете
ги сите важни документи, белешки, потсетници или внесете топлина во динамичната
работна атмосфера така што ќе ги закачите омилените фотографии и спомени.
Квалитетни и практични, нашите плутани табли се прв избор за канцелариите,
домовите, училиштата, болниците, студентските домови и институции. Изработени
се од меко плутано јадро кое има ефект на самообновување, што обезбедува
издржливост и долготрајност на производот. Од широкиот избор на модели кои ги
нудиме, можете да одберете табла со класична дрвена рамка за чувство на топлина
и романтичен изглед во просторот или цврста алуминиумска рамка која совршено го
комбинира класичниот и модерен изглед. Таблите ги добивате со додатоци за
закачување на ѕид, а ваше е само да ја одберете идеалната големина која
одговара на вашите потреби.
4. Стаклени табли
Стаклените табли се иновативна и елегантна опција за канцелариско просторно
управување и комуникација. Својот модерен изглед и транспарентност им
дозволуваат да се вклопат во различни дизајнерски концепти, создавајќи
професионален и чист амбиент. Овие табли не само што изгледаат визуелно
привлечно, туку и нудат одлична функционалност. Површината на стаклените табли
е лесна за чистење и одржување, бидејќи отпорна на траги од маркери. Иако тие обично користат специјални маркери, овие табли нудат одлична видливост
и контраст, што помага за подобро следење на информации и планирање. Сепак,
стеклените табли може да бидат подложни на отпечатоци и прашина и понекогаш
може да изгледаат помалку видливи ако се користат во многу светла околина. Внесете
врвна софистицираност во вашиот дом или канцеларија со нашите стаклени магнетни
табли, кои може да ги добиете во класична бела или впечатлива црна или црвена
боја. Прикачете ги вашите белешки, документи или фотографии кои сигурно нема да
останат незабележани, или едноставно пишувајте, бришете и забележувајте се што
сакате задржувајќи го чувството на беспрекорно чист и уреден простор. Овие табли
се изработени од високо квалитетна стаклена магнетна површина. Зад навидум
нежниот дизајн стои извонредната цврстина и издржливост. Таблите ги добивате со
додатоци за лесна и брза монтажа, а ваше е само да уживате во ултра модерен
изглед во вашиот работен простор.
5. Самолеплива фолија, табла за пишување
Во случај внесувањето на било каков вид на табла во вашата канцеларија би го
нарушила вашиот внатрешен дизајн или барате пренслива и флексибилна подлога на
која можете да пишувате и да ја користите на ист начин како и таблите за
пишување со маркери тогаш одбере те ја самолепливата фолија, табла за пишување 45*200см.
Оваа самолеплива фолија не остава траги при вадење, идеална е за
состаноци, семинари, конференции, дома и во училиште. Фолијата за пишување ви
овозможува брзо и лесно креирање на пренослива табла на било која мазна
површина. Ова е идеално решение за канцелариски состаноци, семинари,
конференции, домашна употреба и училишта. Со димензии од 45 cm x 2 m, фолијата
е доволно голема за различни потреби. Имајќи го маркерот вклучен, можете
одеднаш да започнете со користење на фолијата за пишување како табла, а потоа
да ја избришете со сунѓер за маркери и повторно да ја употребите. Оваа фолија
ќе остане секогаш цврсто прикачена додека ја користите, а потоа може лесно да
се отстрани без оставање на траги. Изработена од ПВЦ материјал, оваа фолија е
трајна и практична за употреба. Бидејќи се лепи за мазни површини, не ќе имате
проблеми со нејзиното фиксирање и користење. Ова практично решение ќе ви
помогне да го организиратевашиот работен простор најбрзо и најефикасно.
Изборот
на вистинската табла за вашиот канцелариски простор може да биде предизвик со
толку многу опции на пазарот, но секој вид нуди уникатни предности кои можат да
го подобрат вашиот работен амбиент. Белите табли, со нивната флексибилност и
едноставност, се одличен избор за динамични работни средини каде брзото
прилагодување и визуелната јасност се клучни. Црните табли нудат класичен
изглед и се идеални за контексти каде што е потребна добра видливост на
белешките, додека плутените и фелцните табли ја додаваат топлината и личниот
печат, истовремено нудејќи практичност и издржливост. Стаклените табли
претставуваат врвна комбинација на елеганција и функционалност, со лесно
чистење и модерен изглед, но можат да бидат чувствителни на прашина.
Самолепливата фолија е практично решение за тие случаи кога традиционалните
табли не се погодни, обезбедувајќи флексибилност и лесно корисничко искуство.
Независно од вашиот избор, сите овие опции од асортиманот на Клевер-мк можат да
бидат одлично дополнение за вашиот работен простор, овозможувајќи ви да ја
најдете идеалната табла која најдобро одговара на вашите потреби и стил.