Без разлика дали станува збор за продуктивностa на работното
место или благосостојба на вработените, компаниите се повеќе ја насочуваат својата
енергија кон подобрување на вкупната атмосфера во канцелариите. Зошто да не
направите практичен избор, да ја подобрите продуктивноста на вработените и да
го заштите нивното здравје? Прочистувачите на воздух се достапни и докажани
решенија кои брзо можат да го подобрат квалитет на воздухот во канцелариите.
Дали Ви е потребeн прочистувач на воздух во вашата
канцеларија?
Едноставниот одговор е да - на секоја канцеларија и е потребен прочистувач
на воздух.
Ако забележувате дека воздухот во вашата канцеларија е сув, прашлив или со
непријатни мириси, тоа знак дека е време да внесете прочистувач на воздух.
Од што ќе ве заштити прочистувач на
воздух?
Прочистувачите на воздух се ефективни при прочистување на водухот и
неутрализирање од:
- Вируси;
- Бактерии;
- Алергени;
- Грини и честички прашина;
- Лоши мириси;
- Чад и
- Полен
Овие загадувачи природно се појавуваат во затворени
простории или може да бидат внесени од надвор. Дополнително, повисоки
концентрации може да се појават и за време на постудените сезони кога
прозорците и вратите често се затворени.
Кој е најдобриот прочистувач на воздух за мојата канцеларија?
Пронаоѓањето на прочистувач на воздух за вашата канцеларија е релативно
едноставно. Сепак, од суштинско значење е најпрво да се утврди каков вид на прочистувачна воздух ви е потребен.
Ако вашиот простор е до 15м² тогаш погледнете го
прочистувачот на воздух Ideal АП15. Тој обично е опремен со HEPA филтер, кој е
ефикасен во задржување на мали честички како што се полен, прашина, и бактерии.
Овој тип на филтер е особено корисен за луѓето со алергии и респираторни
проблеми.
Ако вашиот простор е до 30м² тогаш изберете го
прочистувачот на воздух Ideal АП30. Овој прочистувач за воздух е напреден
прочистувач на воздух кој комбинира троен систем на филтрација, вклучувајќи
HEPA филтер, активен јаглероден филтер и фотокаталитички филтер, со UV-C
светлина за дополнителна заштита од патогени.
Доколку вашиот простор е 45м²или повеќе изберете го прочистувачот
за воздух Ideal АП45 е висококвалитетен прочистувач на воздух кој нуди напредни
функции за подобрување на квалитетот на воздухот во поголеми простори, како што
се канцеларии, големи соби или конференциски сали. Овој модел е дизајниран за
да обезбеди ефективно чистење на воздухот со користење на напреден филтрационен
систем кој вклучува HEPA филтер, активен јаглероден филтер и фотокаталитички
филтер.
Топ 4 придобивки на
прочистувачите на воздухот
Има многу
придобивки од внесувањето на прочистувач на воздух во вашите канцеларии. Погледнете ги топ најдобрите четири.
1. Го намалуваат
ризикот од сезонски
настинки
Истражувањата покажуваат дека висококвалитетен прочистувач на воздух со HEPA
филтер може да ја намали инциденцата на болести и вирусни честички во воздухот.
Многу канцелариски работници претпочитаат да работат од дома, изолирани од
колегите, за да останат безбедни од сезонските грипови и вируси. Прочистувачите на воздух ги намалуваат овие ризици.
2. Отстрануваат алергени
Алергиите може значително да
го намалат квалитетот на живот на некои луѓе. Ситни микрони полен и семиња ги
иритираат дишните патишта. Пролетта е обично најлошото време за поленска треска, но некои луѓе
страдаат од неа во текот на целата година. Прочистувачите на воздух се
идеално решение за отстранување на алергени во затворени просториии.
3. Ги намалуваат непријатни мириси
Активните јаглеродни филтри во многу прочистувачи на воздухот ефективно ги
апсорбираат и неутрализираат непријатните мириси од готвење, пушење или други
хемикалии. Ова помага во создавање на пријатна и свежа средина за работа.
4. Подобрување на општата благосостојба и продуктивност
Чистиот воздух може да доведе до подобрување на концентрацијата и општото
чувство на благосостојба. Во работни средини, ова може да резултира со поголема
продуктивност и помалку замор, што е важно за оптимално функционирање и здравје
на вработените.
Инвестирањето во прочистувачи на воздух за
канцеларија е паметен потег кој може значително да ги подобри условите за
работа и да придонесе за здравјето и продуктивноста на вработените. Чистиот
воздух не само што ја намалува изложеноста на патогени, алергени и непријатни
мириси, туку исто така ја подобрува општата благосостојба и концентрацијата,
што директно влијае на ефикасноста на вработените. Со избирање на прочистувач
на воздух кој одговара на големината на просторијата и со напредни филтрациони
технологии, можете да осигурите дека вашата канцеларија е здраво и продуктивно
место за работа. За здравје и добробит на вашите вработени, не пропуштајте да
инвестирате во квалитетен прочистувач на воздух и создадете подобра работна
средина која ќе ги стимулира сите аспекти на продуктивноста и квалитетот на
животот.