Почитувани, во процес сме на пуштање на нова веб страна. Доколку имате проблеми во процесот на правење нарачка, Ве молиме контактирајте со нас на  070/279-801

  • 0
  • 0
      Вашата кошничка е празна.
Печатење на промотивни пенкала: Зошто се ефективни како промо алатка?

Иако денес голем дел од рекламирањето и маркетингот се дигитални, промотивните производи, промотивните пенкала сеуште се водечки инструмент за промоција и истакнување на брендовите и бизнисите.  
Наместо да ги преплавувате клиентите со наметливо рекламирање што најверојатно ќе биде отфрлено или игнорирано, печатените хемиски пенкала се практични и потребни на сите, а истовремено се и моќна маркетинг алатка.

Но, зошто се тие ефективни?

1. Хемиските пенкала се практични и корисни
Без разлика на возраста, професијата или потеклото, на секој во одреден момент му треба хемиско пенкало. Повеќето луѓе носат хемиски пенкала со себе во секое време, бидејќи тие се основни предмети, кои ги користиме насекаде во канцеларии, училишта, домови...
Тие се потребни за пополнување формулари, запишување белешки, оставање пораки, потпишување на документи, запишување планови, обврски и многу повеќе.

2. Хемиските пенкала се лесно достапни и исплатливи
Покрај фактот дека хемиските пенкала се одличен промотивен подарок, исто така хемиските пенкала се достапни насекаде. Можете да ги најдете во било кое време, било каде, нормално најдобро е да нарачате хемиски пенкала од Клевер-мк, ви гарантираме дека хемиските пенкала од нашиот асортиман се квалитетни и истрајни, исто така во зависност од количината која што планирате да ја нарачате Ви следуваат голем број на попусти и акции, а персонализирањето на пенкалото оставете го на нас.
 
3. Хемиските пенкала се издржливи и долготрајни

За разлика од некои други видови пенкала, хемиските пенкала имаат дизајн кој им овозможува долг период на користење без потреба од редовно менување на мастилото или перото. Оваа карактеристика ги прави популарни за секојдневна употреба, особено во професионални или образовни средини. Тие често имаат и конструкција која го намалува ризикот од протекување на мастилото, што ги прави практични и за патување. Дополнително, хемиските пенкала обично користат мастило кое се суши брзо, што помага да се избегне размачкување или размазување на напишаното. Квалитетните промотивни пенкала се чуваат долго при секој запишан збор вашиот клиент ќе биде потсетуван на вашиот бренд и како го добиле тоа пенкало.

4. Хемиските пенкала нудат широка лепеза на опции за избор

Хемиските пенкала нудат широк спектар на опции за избор, што ви овозможува да најдете она што што најмногу ви одговара. Освен стандардната црна и сина, достапни се и различни бои на мастилото, можете да изберете помеѓу различни дебелини на врвот, како што се тенки, средни или дебели врвови.

- Еко-френдли хемиски пенкала за печатење
Еко-френдли хемиските пенкала се одличен избор за бизниси и организации кои сакаат да го промовираат својот бренд додека паралелно промовираат одржливост и еколошка свест. Промотивните пенкала направени од рециклирани материјали или биоразградливи материјали кажуваат многу за вредностите на вашата компанија како и за нејзината посветеност на намалување на јаглеродниот отпечаток и отстранување на отпадот од околината.
- Хемиски пластични пенкала

Хемиските пластични пенкала се популарен избор за пишување и цртање, особено затоа што се пофункционални и економични. Погледнете го пенкалото Leopard кое е пластично и погодно за печатење.
- Хемиски метални пенкала
Металните пенкала се познати по својата отпорност на физичко оштетување и долготрајноста. Тие обично се направени од материјали како челик, месинг, алуминиум или некои легури, кои го прават пенкалото стабилно и отпорно на удари. Металните пенкала имаат елегантен и професионален изглед. Тие можат да имаат сјаен или мат финиш.
- Хемиски пенкала- тач
Хемиските пенкала со врв за тач за смарт уреди (или „2-во-1“ пенкала) се многу корисни за оние кои често користат и традиционално пишување на хартија и дигитални уреди. Овие пенкала комбинираат функционалноста на хемиското пенкало со можноста за интеракција со екрани на допир. Врвот за тач е дизајниран да биде нежен на екранот на допир, што помага да се избегнат гребаници или оштетувања на екранот.

Нивната универзална употреба, достапност, и издржливост ги прават идеален избор за компаниите што сакаат да ги зголемат импересиите за својот бренд и да остават траен впечаток кај своите клиенти.  Користењето на хемиски пенкала како промотивни подароци не само што нуди опции за персонализација, туку и дава можност за избор меѓу различни материјали и стилови, од пластични и метални до еко-френдли верзии. Оваа разновидност овозможува прилагодување на промотивните материјали во согласност со вредностите на брендот и потребите на вашите клиенти. Погледнете го асортиманот на Клевер-мк и изберете го вашето омилено хемиско пенкало за печатење.