Сепак, има
неколку работи кои што може
да ги превземете за да ја
направите работата попријатна дури и при високи температури. Овие 10 совети имаат
за цел да ве инспирираат како
да останете фокусирани
на работа кога е топло надвор и да го искористите максимумот од летото!
Што се случува во нашето тело при високи температури? Зошто е тешко да се
фокусираме?
Внатрешната температура на телото се зголемува и доведува до прегревање. Освен
температурата во телото се зголемува и отчукувањето на срцето. Како што телото продолжува да ја задржува
топлината, губите концентрација, имате потешкотии да се фокусирате на некоја
задача, се чувствувате раздразливо, без мотивација или без апетит. Како
резултат на ова константното складирање на топлина, може да дојде и до развој до посериозни
последици.
1. Бидете константно хидрирани
Многу е важно да останете хидрирани, особено на работа, во канцеларија.
Дехидрацијата може да доведе до губење на фокус, мотивација и продуктивност. Ова,
се разбира, важи за цела година, но во летните периоди е особено важно.
Инвестирајте во добар термос
кој ќе ја чува вашата вода ладна долг временски период. Хидрирајте се константно
додека одите на работа и кога се враќате. Исто така добра термо чаша е
идеално решение за хидратација за време на работниот ден, бидејќи секогаш ќе
имате до вас ладна вода и ќе можете да се освежите во било кој момент.
2. Исклучете ги сите електронски уреди кои не ви се потребни
Од часовите по физика во основно знаеме дека кога енергијата се претвора, се
создава топлина. Ова важи и за сите уреди кои што ги
користиме на дневна база. Без разлика дали се работи за печатач, компјутер,
паметен телефон или таблет - секој уред што е вклучен испушта топлина и
дополнително ја загрева вашата канцеларија. Затоа ако не ви потребен, едноставно
исклучете го. Ова не само што ќе ја намали температурата во просторијата, туку
и ќе ви заштеди електрична енергија.
3. Избегнувајте дехидрирачки течности како на пр. газирани сокови
Можеби ладна Кока Кола изгледа како идеално решение за освежување за време на летните горештини, но не е добра
идеја. Газираните сокови поради големото количество на шеќер и кофеин,
дополнително ќе ве дехидрираат и ќе предизвикаат поголема загуба на течности.
Затоа, во летните денови, е паметно да се избегнат газираните напитоци и да се
конзумира повеќе вода
или природни сокови за хидрирање и освежување.
4. Правете пократки, но почести паузи
Повеќе закуски значат и повеќе паузи! Иделано, така? Големата топлина
влијае на вашето тело, па затоа треба да си дозволите повеќе паузи за одмор. На
овој начин, ќе останете опуштени и одвреме-навреме ќе ги наполните батериите!
Малку свеж воздух може да направи чуда на умот и телото, па излезете надвор на
неколку минути во текот на денот. Тоа е едноставен трик кој ќе ви донесе
витамин Д и ќе ја подобри вашата ефикасност.
5. Облечете се соодветно – за вашата работа и за времето!
Нормално, соодветната облека е важна во лето, но е важен и дрес кодот на
вашата компанија. Сепак, имате одредена слобода кога станува збор за избор на
ткаенини и кроеви: бирајте тенки материјали, широка облека, облека од памук или
лен, по можност во светли бои. Со беж ленена блуза,
капче за по пат или
бела памучна кошула, вашиот изглед е лежерен и професионален, а притоа ви дава
убаво летно чувство.
6. Носете крема со заштитен фактор секој ден
Кремите со заштитен фактор создаваат бариера помеѓу вашата кожа и
ултравиолетните зраци, што ја намалува можноста од оштетување на кожата. Користите
крема со заштитен фактор додека одите на работа или се враќате во летните
денови затоа што сонцето е најсилно тогаш и може да предизвика штетни ефекти на
вашата кожа. Доколку има високо УВ зрачење, изгореници од сонцето може да
се појават за помалку од 15 минути или по неколку денови.
7. Јадете лесна храна!
За време на летните горештини, најдобро е да избегнувате храна со многу масти и
јаглехидрати. Храната богата со масти и јаглехидрати може да ве загрее во
студените денови, но особено во лето, обично е тешка за вашиот стомак и ве уморува.
Затоа изберете лесна храна како салати. Јадете многу зеленчук и овошје што
содржат многу вода. Лубеницата, на пример, е совршена летна закуска, бидејќи не
само што е вкусна и освежителна, туку и го хидрира вашето тело. Општото правило
е дека во особено топли денови, подобро е да имате неколку помали закуски во
текот на денот, наместо еден голем, тежок оброк за време на ручекот. Кутија
за храна со прибор со две прегради е идеална за сечии летни и здрави закуски,
исто така таа е лесна за чистење и повторна употреба.
8. Прилагодете го вашиот распоред на работни задачи
Дури и во најтоплите денови има неколку посвежи часови рано наутро. На пример, закажете
ги сите важни состаноци за кои треба да излезете надвор од канцеларија во
претпладневните часови или завршете ги задачите за кои што е најмногу потребна
концентрација наутро.
Потрудете се да ги искористите раните часови наутро на најдобар начин, што ќе
ви помогне да ги избегнете најлошите ефекти од високите температури и ќе ви
обезбеди најпродуктивно време за работа. За добро да бидете организирани пробајте
го еко
планерот со самолепливи ливчиња.
9. Внесете освежувач на воздух во канцеларијата
Во канцеларија или било кој затворен простор во лето воздухот може да стане
густ и тежок. Високите температури ги зголемуваат овие проблеми, а со
користењето на освежувач за воздух можете да го подобрите квалитетот на
воздухот и да создадете пријатна атмосфера за работа. Освежувачите за воздух
можат да го ублажат непријатниот мирис, да ја филтрираат прашината и други
честички од воздухот, како и да создадат пријатен мирисен амбиент. Освежувачот/прочистувачот
за воздух Ideal АП30
го прочистува внатрешниот воздух поефективно во споредба со скоро секој друг
прочистувач. Во IDEAL се вклопени HEPA и плазма филтерот во еден компактен дел.
Успешно ги елиминираат честичките од воздухот како што се: прав, полен и други
алергенси, вируси и бактерии, спори од мувла, влакна од животни, дим од цигари
како и хемиска пареа и мириси. Дополнително, го збогатува воздухот со негативно
наелектризирани јони. Додека пак ако сте во потрага по мал прочистувач на
воздух само за вашето биро, тогаш погледнете го Еко
навлажнувач на воздух со амбиентална светлина.
10. Носете несесер за лична заштита со вас
Носењето несесер со вас е практично решение за време на жешките денови. Несесерот
Chastain е идеален за вакви пригоди во него можете да ставите рол-он, крема
со заштитен фактор или кутивче за
медикаменти. Имајќи ги сите потребни продукти со вас, ќе
се чувствувате спокојни и подготвени во секој момент.