Почитувани, во процес сме на пуштање на нова веб страна. Доколку имате проблеми во процесот на правење нарачка, Ве молиме контактирајте со нас на  070/279-801

  • 0
  • 0
      Вашата кошничка е празна.
Зошто е подобро да купувате онлајн во Клевер-мк? [безбедна и едноставна набавка на канцелариски материјали]

21 век се движи со брзо темпо, а ефикасноста е клучот за адаптација и  успех. Времето е драгоцено, особено за професионалците кои имаат напорни распореди и сопствениците на бизниси. Наместо да посетувате повеќе продавници или да прелистувате бројни веб-страници, Клевер-мк е практично решение со кое заштедувате време. Овој блог пост има за цел да ги истакне придобивките и предностите од онлајн купувањето од едно место.
Разгледајте го асортиманот на Клевер-мк и придружете се на големата група компании кои набавуваат канцелариски материјали ефективно и безбедно.

Зошто да купувате онлајн?

1. Изборот е во вашите раце
Замислете ја удобноста да најдете се што ви треба за вашата канцеларија на едно место. Од основни канцелариски работи до врвна технологија за работен простор. Со купувањето онлајн ја елиминирате потребата за повеќекратни нарачки, испораки и следење на нарачки од различни места. Можете да уживате во леснотијата на прелистување на едно место и нарачување на едно место. Овој рационален пристап на набавување канцелариски материјали ви заштедува време и напор, овозможувајќи ви да се фокусирате на други важни задачи.

2. Најбрз и најлесен начин да ги одберете и нарачате потребните материјали
Клевер.Мк го олеснува процесот на нарачка преку неколку иновативни функции:

-Приказ со слика и опис: Секој производ е прикажан со слика и детален опис, што ви овозможува лесно да изберете што сакате да нарачате. Оваа опција ви дава визуелна репрезентација на производите и дополнителни информации за нивната употреба и карактеристики.
-Контрола на трошоците: Во целиот тек на нарачката, имате преглед на вредноста на вашата нарачка и лесно можете да ја прилагодите според вашите планови. Ова ви дава контрола врз вашите трошоци и ви помага да го планирате вашиот буџет.
-Поделба на производи во групи и подгрупи: Сите производи се поделени во групи и подгрупи, што ви овозможува брзо и лесно да го пронајдете потребниот производ. Лесно ќе можете да ги филтрирате вашите пребарувања и да ги најдете производите што ви се потребни.
-Филтри: Филтрите ви овозможуваат едноставно и брзо наоѓање на потребниот производ. Можете да ги филтрирате производите според цена, бренд, категорија, и други карактеристики, што ќе ви помагне да го стеснете пребарувањето и да најдете точно она што ви е потребно.
- Споредба: Табеларниот приказ на карактеристики кои ги поседуваат производите (максимум 5) ќе ви помогне да формирате информирана одлука за самата нарачка. Можете да ги споредувате карактеристиките на различни продукти и да го изберете оној што најдобро одговара на вашите потреби.
- Поле пребарај: Полето пребарај ви овозможува да најдете тешко достапни производи со само неколку кликања. Едноставно внесете име на производот и добијте листа на резултати што одговараат на вашето пребарување.

3
. Удобност и пристапност
Заштедете време и забрзајте го процесот на купување и набавување канцелариски материјали.
Онлајн купувањето од веб страната на Клевер.мк ви нуди удобност и ефикасност, овозможувајќи ви да пребарувате, споредувате и купувате канцелариски материјали со само неколку кликања, директно од вашето работно место. Со само неколку кликања, професионалците од нашиот тим ќе ја направат нарачката и ќе ја достават на вашата локација.
Дополнително правењето нарачка преку веб страната на Клевер.мк ви дава слобода да направите нарачка буквално во секое време, од каде било, заштедувајќи  време и ресурси кои обично се трошат во патување за да ги набавите потребните канцелариски материјали.

4. Исклучителна корисничка подршка
Клевер-мк нуди исклучителната услуга т.е исклучителна корисничка подршка, полна со разбирање и свест за вашите потреби. Без разлика дали барате фидбек во однос на дизајн, печатење или избор на најдобар продукт за вас, професионалците од Клевер-мк ќе бидат тука за вас, за да ја донесете најдобрата информирана одлука. Нас ни е важно вашето целокупно искуство, потпрете се на тимот на Клевер-мк , а ние ќе се потрудиме да ги набавите најсоодветните материјали за вашата канцеларија.

5. Брза испорака
Вашето задоволство е наш приоритет. Затоа, ние гарантираме брза и точна испорака на вашите нарачки. Посветете се на вашите задачи, а ние ќе ви ги донесеме потребните материјали на ваша адреса.

6. Можности за плаќање

За да го олесниме процесот на плаќање, Клевер.мк ви нуди различни начини за плаќање:
-Во готово: Плаќањето во готово е едноставен и брз начин за завршување на вашата нарачка. Со овој метод, можете да го платите вашето нарачка веднаш по доставата на производите.
-Со картично плаќање: Нудиме можност за плаќање со различни видови на платежни картички, вклучувајќи ги Visa, MasterCard и други. Овој начин на плаќање е безбеден и удобен, овозможувајќи ви да ја завршите нарачката со само неколку кликања.
-Фактура: За бизнисите и организациите кои претпочитаат плаќање преку фактура, ние ја нудиме опцијата за плаќање со фактура. Со овој метод, ви обезбедуваме детална фактура за вашата нарачка, која можете да ја платите во одреден рок.

7. Извонредни понуди и попусти -заштедете финансии
Кај нас ќе најдете извонредни понуди и попусти кои ви осигуруваат најдобри цени за квалитетни производи.  Регистријате се на www.klever.com.mk, креирајте го својот профил, најавете се и разгледајте ги попустите и поволностите што ги нудиме. Следете не за да ги искористите најдобрите можностите за заштеда.