Почитувани, во процес сме на пуштање на нова веб страна. Доколку имате проблеми во процесот на правење нарачка, Ве молиме контактирајте со нас на  070/279-801

  • 0
  • 0
      Вашата кошничка е празна.
8 достапни и практични канцелариски материјали за максимална продуктивност во Klever-mk

Во денешното брзо работно опкружување, продуктивноста е клучна за постигнување успех. Еден од често занемарените фактори кои значително влијаат на продуктивноста е да ги имате вистинските канцелариски материјали на дофат. Без разлика дали работите од дома или во канцеларија, поседувањето на основните алатки може да направи разлика во вашата ефикасност и целокупното работно искуство.

Во овој текст, ќе ги истражиме осумте задолжителни канцелариски материјали кои можат да ја зголемат вашата продуктивност и да ви помогнат да останете организирани и фокусирани во текот на денот.



1. Папка со патент А4 1см Вивид Erich Krause
Папка со патент Glance Vivid
е достапна во розова, виолетова, светло сина и темно сина боја. Можете да ја користите за складирање на листови, каталози и слично.
Вашите материјали секогаш ќе бидат заштитени од оштетување, прашина и влага.
Поради големиот капацитет за складирање може да ја користите како замена за ташна, бидејќи можете да складирате без проблем пенкала, маркери, калкулатор или друг ситен канцелариски материјал. Едноставно затворете го патентот и сите материјали се средени и на едно место. Исто така, ако сте во потрага по практична папака или ташна пригодна за носење матеијали при патување тогаш папката со патент
Glance Vivid е вистинскиот избор за вас.



2. Вертикална полица, класик
Вертикалната полица има класичен и модерен дизајн и е погодна за материјали со А4/
C4 формат. Високата рамка ќе ги држи безбедно вашите книги, списанја и каталози. Благодарение на овие полици ќе имате лесен пристап и прегледност до сите материјали и ќе можете со леснотија да го повлечете посакуваниот без да мора да ги извадите сите и да направите неред и хаос околу вас.



3. Текст маркер В-16, двостран Erich Krause
Овој текст маркер е двостран со две нијанси на мастило со иста боја - пастел и неонски. Текст маркерот В-16 е дизајниран за да може да ги користите на сите видови хартија, вклучително и хартија за факс и фотокопирна хартија. Двата закосени делови за пишување ви овозможуваат да ја менувате ширината на буквата. Широкиот врв од 3,3 mm е погоден за истакнување текст, а тенокиот дел од 0,6 mm е погоден за подвлекување. Бојата на капачињата одговара на бојата на мастилото. Мастилото е на база на вода брзо се суши по нанесувањето и не остава траги на задната страна на хартијата поради неговата тенка и рамномерна примена.



4. Еко тефтер А5, корица RPET со бамбус, 50л линија
Еко-тефтерот има формат А5 од бамбус. Додека пак листовите се со линии и точно 50 на број. Овој тефтер е идеален за запишување белешки, списоци или идеи. Исто така овој тефтер поседува опција за да може да биде користен како држач за телефон. Заборавете на моментите кога вашиот телефон паѓа, се греби и оштетува со овој тефетер 2-1 вашите мисли и вашиот мобилен уред секогаш ќе бидат на сигурно.
Со избирање на овој тефтер правите еколошки свесен избор кој ќе даде дополнителен придонес кон зачувување на планетата Земја.

5. Коректор лента 5мм*8м, Erich Krause Ерголајн
Лента коректорот има ергономски облик и нелизгачка гума за прецизни, точни и брзи корекции. Резултатот ќе биде одличен без разлика на бојата со која што е напишан текстот. Ставете го врвот над пределот што треба да се коригира под агол од 45°, допрете на површината што сакате да ја корегирате, полека повлечете го за да ја покрие потребната должина и процесот е завршен. Корегираната површина ќе биде тенка и рамномерна и веднаш спремна за пишување.


6. Пенкало гел Г-СОФТ Erich Krause
И покрај развојот на дигиталната ера, моќта на пенкалото и хартијата останува непобеделива. Чувајте секогаш до вас пенкало при рака за запишување брзи идеи, правење  списоци со задачи и сл. Овие едноставни алатки ќе ви помагнат сите ваши идеи и мисли да бидат запаметени и достапни секогаш кога ќе ви затребаат. Пенкалот Г-СОФТ е хемиско гел пенкало со мека обвивка. Врвот е со дијаметар на топче од 0,38 мм, додека пак должината на контурираната линија изнесува 600м со дебелина од 0,25 мм. Ова пенкало е достапно во црна, црвена и сина боја. Бојата на капачето и бојата на мастилото се совпаѓаат.


7. Хефталица Novus B 8 FC
Неуредни листови, хаос, обиди да го најдете посакуваниот документ, но кога ви е најпотребен го нема. Едноставно, захефтјте ги на тој начин сите потребни листови секогаш ќе бидат на едно место. Оваа хефталица има Power on demand  систем кој бара 70% помалку сила при хефтање. Исто така оваа хефталица користи 24/8 хефт иглици и има капацитет за хефтање до 50 листови.

8. Подлога за лаптоп Leitz
Подлагата за лаптоп
Leitz е ергономски дизајниран за да ја зголеми удобноста и продуктивноста во вашиот работен простор. Идеален за користење кога седите или стоите.  Прилагодувањето на висината е брзо и лесно, а има 4 висини за избор. Овој држач е погоден за лаптоми со димензии од 13до 17”. Лесно се преклопува, пренесува и е многу лесен за складирање.

Во овој текст, ги истраживме осумте практични и неопходни канцелариски материјали кои значително можат да влијаат на продуктивноста и организацијата во работниот простор. Од папката за складирање и вертикалната полица за книги, до текст маркерот, еко-тефтерот и хефталицата, секој од овие материјали нуди практични решенија за организација и ефикасност. Коректорот лента и пенкалото гел нудат дополонителна прецизност во пишувањето, додека подлогата за лаптоп дополнително го зголемува комфорот и удобност. Овие алатки не само што овозможуваат подобрување на работната ефикасност, туку и поттикнуваат еколошки свесна употреба со примерот на еко-тефтерот од бамбус. Со оваа комбинација на канцелариски решенија од асортиманот на Клевер.мк, секој работен ден може да биде организиран, продуктивен и успешен.