Почитувани, во процес сме на пуштање на нова веб страна. Доколку имате проблеми во процесот на правење нарачка, Ве молиме контактирајте со нас на  070/279-801

  • 0
  • 0
      Вашата кошничка е празна.
Печатење принтање на пенкала, тефтери, УСБ, спортски шишиња и ранци - Сѐ што треба да знаете!

Се запознавме со важноста на персонализираните промотивни подароци и со техниките за печатење. Во овој артикл погледнете што е она што треба да го знаете за најчесто побаруваните промотивни подароци за персонализирање.

Материјалот на предметот кој што сакате да биде испечатен
Кога одбирате предмет за персонализирање т.е за печатење, првата и најважна работа што треба да ја знаете е материјалот на предметот. Различните материјали можат да влијаат различно на начинот на кој што ќе се изведе печатењето и на крајниот резултат. На пример, доколку се одлучите за печатење на пенкало или тефтер, важно е да се земе предвид дали материјалот е плута, пластика, кожа, бамбус или некој друг вид. Секој материјал бара различен пристап во техниките за печатење за да се добие добар, чист и издржлив принт. Покрај тоа, изборот на материјал влијае врз трајноста на печатениот дизајн.
На пр. гравирањето како техника за печатење на пластика е тешко за релаизирање, бидејќи големи се шансите пластиката да пукне и да се скрши за време на процесот. Додека пак текстил материјалите не се погодни за дигитално печатење, бидејќи ја впиваат бојата.

Печатење на пенкала
Печатењето на пенкала може да се изведе со гравирање или со дигитално печатење. И двете техники си имаат свои предности и недостатоци. Изборот на техника за печатење зависки од вашите потреби, бројот на бои и материјалот на пенкалото.
Дигиталното печатење е добра опција кога ви е потребно продуктите да бидат готови во краток временски периодДодека пак гравирањето е идеална техника за логоа и елегантни дизајни.

Печатење на тефтери
Пресликачите се честа техника за персонализирање на тефтери, особено кога станува збор за комплексни графички дизајни или фотографии. Процесот вклучува пренос на дизајн од специјален преносен лист на тефтерот, што резултира во висококвалитетен и детален финиш. Сублимацијата е идеална за печатење на тефтери од полиестерски материјали или материјали со специјален слој за сублимација. Дигиталното принтање е подобро за печатење на тефтери со комплексни дизајни, многу бои или фотографии. Сито печатењето е традиционална техника за печатење на тефтери со јасни текстури на рамни површини, каде што може да се користат различни бои и типови мастила.

Печатење на УСБ
Печатењето на УСБ стикови може да се изведе преку две основни техники: гравирање и дигитално принтање. Изборот на техника за печатење зависи од вашата замисла за дизајнот, типот на материјалот на УСБ стикот и буџетот. Гравирањето е посебно погодно за класичен и елегантен изглед, додека дигиталното принтање е идеално за варијанти со многу бои и сложени дизајни.

Печатење на спортски шишиња
Печатењето на спортски шишиња преку различни техники нуди разновидни можности и предизвици. Сублимацијата обезбедува висок степен на заситеност на боите и висококвалитетен финиш, идеален за полиестерски материјали, но може да биде ограничена на одредени материјали. Гравирањето претставува елегантна опција за метални шишиња со трајни дизајни, но може да биде скапа. Дигиталното принтање овозможува голема флексибилност во дизајнот, со широк спектар на бои и детали, но може да биде скапо за големи тиражи и за материјали што не се прилагодени. Сито печатењето е техника практична за висококвалитетни дизајни на шишиња со јасни текстури или логоа, но не е идеална за сложени дизајни со многу бои. Изборот на најдобрата техника зависи од конкретните потреби за дизајн, материјал и буџет и треба да се разгледаат сите аспекти пред одлучување.

Печатење на ранци
Користењето на пресликачи за печатење на ранци гарантира добро префрлање на посакуваниот дизајн, но има шанси да не биде долготраен, ако при процесот на аплицирање не е добро извршена техниката.
Додека пак, при користење на сублимацијата како техника, можете да бидете сигурни во долготрајноста на дизајнот, но постои голема шанса при самото печатење материјалот да ја впие бојата и процесот да биде неуспешен или тожок за реализирање.

Разгледавме различни техники за печатење на пенкала, тефтери, УСБ стикови, спортски шишиња и ранци, што најчесто се користат за персонализирани промотивни подароци. Важно е да се има предвид материјалот на предметот, бидејќи тој влијае на изборот на техника за печатење и на крајниот резултат. Дигиталното печатење е практично за многу бои и сложени дизајни, додека гравирањето е идеално за елегантни и класични изгледи. Пресликачите и сублимацијата се чести избори за тефтери и ранци, во зависност од потребите за детален финиш или специфични бои. Во исто време, печатењето на спортски шишиња преку различни техники нуди разновидни опции, од сублимација за полиестерски материјали до гравирање за метални продукти. Изборот на најдобрата техника зависи од конкретните потреби за дизајн, материјалот и буџетот. Контактирајте го тимот на Klever.mk, испратете ни работна верзија во векторска форма и вашите идеи ќе станат реланост т.е одличен промотивен подарок.