Во текот на последните децении, концептот на работното место во канцеларијата претрпел значителни промени. Од традиционалните канцелариски простории, во кои доминираат ниски маси и столици, се премина на модерни и удобни работни простории. Еден од елементи во оваа трансформација се високите маси и високите столчиња, кои не само што го подобруваат здравјето и удобноста на вработените, туку и создаваат подобро околина за колаборација и креативност. Со внесувањето на високи маси и високи столчиња во модерна канцеларија се создава единствена и инспиративна работна средина. Ова може да се постигне на следните начини:
Високите маси и
столчиња во областите за кафе пауза се одлични бидејќи влијаат позитивно на
соработката и социјализацијата помеѓу вработените. Со внесување на високи маси и високи столчиња
креирате стимулативна средина за социјализација и колаборација. Креирањето на
ваков простор за кафе паузи ќе им овозможи на вашите вработени да се среќаваат
и разговараат без бариери, што пак дополнително го подобрува социјалниот аспект
на работата. Кратките паузи за кафе паузи на високите маси често резултираат во
неочекувани креативни разговори и размена на идеи помеѓу различни оддели во
компанијата. Ако ви се допаѓа оваа идеја за организирање на просториите за кафе
пауза, погледнете ја високата маса Nova 160x70x90см и високата столица Twist & Sit.
2. Високите маси и
столчиња како место за состаноци во конференциска сала
Трансформирањето на
традиционалните конференциски простории во простори со високи маси и столчиња
ќе ја подобри работата на тимовите и колаборативните процеси. Уредена
конференциска сала на овој начин креира динамични простории каде што учесниците
можат слободно да се движат и да ги насочат своите напори кон активна размена
на идеи. Високите маси благодарени на блиската комуникација плус со поставување
на табли за бележење или проектори значително ја подобруваат продуктивноста и
ефикасноста на средбите. Овој концепт не само што креира подобра работна
средина, туку и стимулира креативност и иновации, па затоа ви препорачуваме да
ја разгледате високата маса Light 160x70x105см
и високите столчиња Moon.
Одвоете посебен простор за споделување на
креативни идеи, уредете го вклучувајќи ги високите маси и столчиња на пример
високата маса Light и виоската столица
Moon. На овој начин екстроверите од вашиот тим ќе имаат место за споделување
на идеи, нема да им пречат со своето зборување на колегите на кои им е потребно
фокус и концентрација, а ќе бидат во можност да ги споделат сите идеи и
планови. Вака уредениот простор остава чувство на флексибилност што
дополнително креира афирмирачка атмосфера за соработка, ефикасност и
комуникација.
Високите маси и
високите столчиња во домашен амбиент можат можат да се користат за да се
создаде чувство на висина и да го направи просторот да изгледа поотворен. Во мала домашна
канцеларија, високите маси и столчиња можат се идеални за подобрување на
функционалноста и удобноста. Ваквите елементи ќе го искористат просторот
ефикасно и ќе креираат пријатна и стимулативна околина за работа. Високите маси
обезбедуваат опција за да работите исправени со стоење или со седење. Исто
така, столчињата со подесување на висината можат да понудат комфорно работно
искуство. Затоа ви нудиме да го разгледате електричното биро T-EASY ,
140х80х74см со ергономската столица Cosy Leitz
која има опција за подесување на висината исто како и бирото.