Многумина уживаат во хибридната работа,
извршувајќи ги дел од работните задачи дома, дел во канцеларија. Иако овој
начин на работа овозможува подобар баланс помеѓу професионалниот и личниот
живот, важно е да имате простор во домот каде што може да работите продуктивно
и удобно, без дистракции.
Внимателно одберете го местото
Одберете месето каде што предметите и разговорите од домашната околина нема да
ве дефокусираат и деконцентрираат. Место каде што ќе имате доволно природна светлина
и ќе се чувствувате комфорно и одморено. Исто така, имајте во предвид дека
димензиите на тој простор треба да бидат доволни за да сместите работно
биро, столица и организер за скалдирање на разни материјали и документи.
Размислете каде и како би ги организирале и складирале материјалите
Многу често при работата од дома може да се најдеме во ситуација да изгубиме
важен документ или да изгубиме битни материјали за работа низ предметите низ
дома. Па, затоа е важно при изборот на
мебел и организација на просторот да разгледате функционални елементи како што е фиокарот Монако или затворениотплакар Basic со димензии 80х36х144cm.
Овие елемнти нудат флексибилност во позиционирањето и поставувањето што ќе ви
помогне да го искористите вашиот простор максимално.
Обрнете внимание на мебелот кој ќе го одберете
Доколку имате доволен простор за уредување на традиционална домашна канцеларија
комбинирајте го бирото Nova U со ергономската столица Сноу ХБ. На овој начин ќе
креирате за себе удобна, комфортна и продуктивна средина за работа.
Ако уредувате домашна канцеларија во простор со помали димензии, размислете за опцијата
да внесете висока маса и барска столица кои нема да го затворат просторот. На пр.
Комбинирајте ја високата маса Nova 160x70x90см со високата столица Twist &Sit.
Осветлувањето игра голема улога
Потрудете се да обезбедите голема количина на природна светлина, доколку тоа не
е возможно потрудете се да обезбедите светлина од повеќе извори насочена кон
вашето биро. Внесете лампа која што е флексибилна како на пр. лампата за набиро со полнач 15W, таа ќе можете да ја насочите директно кон местото каде што
ви е потребно т.е каде што работите. Доброто осветлување ќе ви ја зголеми
продуктивноста и ефикасноста. Исто така добрата осветленост ќе направи да бидете
посконцентрирани и поодморени.
Осигурајте се дека ќе имате доволно приватност за работа
Кога работите од дома, есенцијално е да имате доволно приватност за да можете
да се фокусирате и да бидете продуктивни. Приватноста ви овозможува да се
концентрирате врз задачите без прекини и дистракции од други луѓе или
активности во домот. Ова е особено важно за луѓе на кои им треба концентрација
и креативност. За осигурување на приватност, можете да го изберете просторот
што е најмалку фреквентиран од останатите членови на домаќинството, да го
затворите со флексибилни прегради или пак едноставно можете да го изолирате
просторот со поставување на полица отворена Boxi за цвеќиња. Зеленилото ќе
направи бариера измеѓу вашиот работен простор и останатите предмети во
просторијата, ќе го прочистат воздухот, дополнителено цвеќињата конструираат
пријатна атмосфера во која ќе бидете мотивирани да работите.
Редовното одржување на просторот за работа влиае на дисциплината и
продуктивноста
Редовното одржување на просторот за работа има значително влијание врз
дисциплината и продуктивноста на работата. Кога работниот простор е уреден,
организиран и одржуван мотивацијата за работа е поголема, што ќе резултира со
подобра дисциплина и внимание при извршување на задачите. Од друга страна,
одржувањето на чист и организиран работен простор може да ја намали менталната
преоптовареност и да го олесни пристапот до потребните материјали и информации.
На овој начин ќе креирате средина во која ќе бидете поефикасни и попродуктивен,
бидејќи ќе можете да се фокусирате на суштинските работи наместо да се борите
со неуредниот простор.
Креирањето на домашна канцеларија е важно за многу луѓе кои работат хибридно.
Оваа канцеларија треба да биде уредена, организирана и одржувана за да се
зголеми продуктивноста и дисциплината. Важно е да се изберe правилниот мебел и организација, како и да се обезбеди доволно природна
светлина и приватност за работа. Редовното одржување на просторот за работа е
клучно за одржување на мотивацијата и фокусот. Ако моментално сте во процес на уредување
на вашата канцеларија посетете го сајтот на Klever.mk ќе најдете се што ви е
потребно на едно место.