Почитувани, во процес сме на пуштање на нова веб страна. Доколку имате проблеми во процесот на правење нарачка, Ве молиме контактирајте со нас на  070/279-801

  • 0
  • 0
      Вашата кошничка е празна.
6 совети како да уредите модерна и ергономска канцеларија

Подобрувањето на ергономијата на вашата канцеларија може да ви помогне да избегнете повреди, истегнување на мускулите и главоболки при работа, а исто така да направи канцеларијата да ви изгледа организирано и модерно.
Подолу, ве водиме чекор по чекор до поставување на совршената ергономска модерна канцеларија.

Подлога за монитор
За идеална ергономска канцеларија првото основно нешто што би требало да го поседувате е подлога за монитор.
Подлогата ќе ви овозможи да го подигнете вашиот монитор до правилната висина за задачата што ја работите, а исто така наизменично да седите и стоите. Ова ќе ве одржува активни додека работите без да почувствувате умор, згрчување или болка.
Подлогата за биро Leitz Ergo е целосно прилагодлив во однос на висината,  со минимална висина од 48 mm и максимална висина од 650 mm. Ова ви дава врвна приспособливост, за да можете да ја најдете оптималната висина за што и да правите.
Оваа подлога има пневматско прилагодување на висината,  што го прави брзо и едноставно менувањето на висината, за да можете да останете фокусирани на вашата работа.
Истражувањата покажуваат дека најдобро е да стоите од 15 до 30 минути на секој час. Важно е да ја пронајдете вистинската рамнотежа што функционира за вас, за да можете да останете активни додека ги извршувате вашите работни задачи.

Подлога за лаптоп
За совршена модерна и ергономска канцеларија, вашиот екран треба да биде директно пред вас. Линијата на очите треба да биде паралелна со екранот. Ова ќе ве спречи да го виткате грбот и главата додека работите и ќе ви помогне да го намалите напрегнувањето на очите. Подлогата за лаптоп Leitz има повеќе опции за подесување на висината и аголот, што ќе ви го даде потребното прилагодување за позиционирање на вашиот лаптоп, според вашиот вкус и потреби. Оваа прилагодлива подлога за лаптоп е практична и лесна за употреба и зазема минимален простор на вашето работно биро.

Ергономска канцелариска столица
Вашиот канцелариски стол треба да обезбеди соодветна лумбарна поддршка на долниот дел на грбот. Треба да можете да седите на столот со стапалата рамни на подот или на потпирачот за нозе и со колената под прав агол. Треба да седите исправено со грбот наспроти задниот дел од столот, за да може да ви ја пружи потребната потпора. Исто така, постојат алтернативи за канцелариски столици, може да користите топка за седење, која ќе ве одржува активни додека работите.

Одмарач за нозе и перница за седење
Ергономско перниче за столица Leitz е одлична опција за оние кои често чувствуваат болки во грбот, непријатност, замор или вкочанетост по долго седење. Ова перниче со ергономски дизајн ќе ви помогне да креирате пријатно и удобно чувство, без разлика дали се работи за вашата канцеларија, дом или додека возите долги часови. Додека пак одмарачот за нозе Ergo Cozy е совршен за стапала и помага да се создаде удобен и активен работен простор. Дизајниран да ги одржува стапалата и нозете опуштени, ќе ви помогне значително да ги намалите непријатностите и вкочанетоста во рамената и грбот со тоа што овозможува здраво држење и подобрување на циркулацијата.

Осветленост
Работна средина треба да има што е можно повеќе природна светлина. Треба да избегнувате да го имате само екранот на вашиот компјутер како единствен извор на светлина. Ако не е возможно да го добиете осветлувањето на вашата канцеларија или домашна канцеларија од природна светлина, треба да погледнете лампи кои ќе ја компензираат природната светлина. Ова ќе ви овозможи да ја пронајдете оптималната светлина за да не морате да ги напрегате очите во темнина или да ги иритирате очите од сјајот на мониторот. Разгледајте ја еко лампата за на биро со безжичен полнач од бамбус.

Безжичени додатоци
Користењето безжична галантерија значи дека ќе имате слободен опсег на движење додека работите. Ова ќе ве спречи да работите во непријатна положба, што може да резултира со истегнување и напрегнување на мускулите. Внесете безжичен маус, безжична тастатура или пак мултифункционален безжичен еко полнач, држач за мобилен и пенкала. На овај начин освен што нема да се напрегате и ќе ги избегнете болките, без нередот на каблите ќе бидете организирани и уредни во секој момент.

Во уредувањето на модерна и ергономска канцеларија, важно е да се обезбедат правилно позиционирање на мониторот, подесување на столицата за добра поддршка и удобно седење, како и користење на безжични додатоци за слобода на движење. Дополнително, внесувањето на додатоци како одмарач за нозе и перница за седење, како и правилно осветлување, ги подобрува условите за работа и ја намалува можноста од болки и напрегнување. Посетете ја продавницата или веб сајтот на Klever.mk, кај нас ќе најдете се што ви е потребно на едно место.