Почитувани, во процес сме на пуштање на нова веб страна. Доколку имате проблеми во процесот на правење нарачка, Ве молиме контактирајте со нас на  070/279-801

  • 0
  • 0
      Вашата кошничка е празна.

Ташна за лаптоп 15.6" Contour, водоотпорна

Шифра: K-60386
Залиха:
Цена: 9.100,00 мкд
Испорака
Бесплатна достава за нарачки над 3000 мкд.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Сподели:

Дополнителни информации:

Деловната торба за лаптот Kensington Contour™ 2.0 15.6" е избор број еден на професионалците ширум светот кои се стремат кон перфекција и сакаат спој на беспрекорен квалитет, дизајн и ултимативна безбедност.

 - Ергономски дизајн со вграден панел кој совршено ги следи и се прилагодува на контурите на телото така што ја префрла тежината поблиску до центарот за гравитација. Специјално поставените организациски џебови дополнително помагаат да се распредели и балансира содржината што овозможува максимална удобност.

 - Цврста и обложена рачка за носење и специјално потставен, прилагодлив ремен за рамо кој може да се отстрани.

 - Неколку нивоа на безбедност што ја прави оваа торба исклучително сигурна. Безбедносна преграда со патент отпорен на пробивање и со можност за заклучување што беспрекорно го обезбедува вашиот електронски уред од можност за напад или кражба.

 - Специјално дизајниран РФИД безбедносен џеб кој ги заштитува од злонамерно скенирање сите ваши кредитни картички, пасоши и документи кои имаат вграден РФИД чип.

 - Внатрешна преграда за лаптоп со заштита од паѓање која ви нуди дополнително чувство на сигурност.

 - TSA Checkpoint Friendly - Ви овозможува да го оставите вашиот лаптоп во вашата актовка за време на проверката на TSA.

 - Издржлив, водоотпорен материјал. Торбата Contour™ 2.0 15.6" е направена од цврст, долготраен полиестер 1680 D што прави вашите уреди да останат суви и заштитени.

 - Џебови за брз пристап – совршено организирани надворешни џебови за брз и лесен пристап до предметите што често ги користите.

 - Специјален додаток за лесно и безбедно да ја прикачите на количка за багаж.