Почитувани, во процес сме на пуштање на нова веб страна. Доколку имате проблеми во процесот на правење нарачка, Ве молиме контактирајте со нас на  070/279-801

Одмарачи за нозе

Одмарачите за нозе се идеални за секоја канцеларија, вклучувајќи ги и домашните канцеларии. Тие се вклопуваат компактно под секоја маса и обезбедуваат трајно олеснување од болните и уморни нозе. Сепак, одмарачите за нозе прават повеќе од удобна позиција за вашите нозе, тие исто така ја поттикнуваат здравата циркулација.
Одмарачот за нозе можеби не ви е примарен ергономски додаток, но овозможува значителни ергономски придобивки. Одмарачите за нозе може да ве ослободат од проблемите со нозете и да ги намалат болките во долниот дел на грбот. Без правилната поддршка, вашите стапала влијаат на вашиот грб, на нозете, на циркулацијата и други делови од телото. Ваквите проблеми се една од главните причини за изгубената продуктивност на работното место.

Да ја задржите правилната позиција на држење на телото е важно. Внимавајте на

следново:

  • Вашите колкови треба да бидат малку повисоко од вашите колена
  • Не ги држете вашите стапала рамно на подот, туку размрдувајте ги често
  • Користете ергономски одмарач за стапала доколку чувствувате притисок на задниот дел на нозете или доколку вашите стапала не се одмараат на подот

  • Добриот одмарач за нозе треба да е прилагодлив и да го поддржува целото стапало

 

Движењето ја зголемува циркулацијата

  • Седењето или лежењето подолго време без активност може да доведе до слаба циркулација. Држењето на стапалата поткачени на одмарач за нозе го намалува ризикот од проблеми предизвикани од циркулација.

  • Треба да ја менувате положбата што може почесто така што ќе ги прилагодите колковите, помрднете ги стапалата, поткренете ги рацете и менувајте ја позицијата на седење во текот на работните денови. Одете на паузите, по 10 минути на секој час и добро протегнете се.


Проблеми со грбот

  • Долгото останување во канцеларијата на столче и неправилно позиционирани стапала предизвикува напор на вашиот ‘рбет. Со добар ергономски одмарач за нозе можете да седите до задниот дел на столот така што нема да се згрбавите и ќе ја задржите правилната ергономска положба. Ова ќе го намали притисокот врз вашиот грб и ‘рбетот.

  • Сега е широко прифатено дека оптималната позиција за седење е со благо навалување. Се преферира синхронизиран механизам кој дозволува по слободно движење додека работите на компјутер. Користењето на одмарач за нозе значајно го зголемува контактот со  поддршката на грбот. Седењето со малку потпирање ја олеснува мускулната активност околу ‘рбетот и го намалува притисокот помеѓу пршлените. Сите овие придобивки се постигнуваат додека користите квалитетен ергономски одмарач за нозе.


Доколку резимираме:

Седењето во столица без правилна поддршка предизвикува лоша циркулација, непријатност во грбот и целосен замор. Со вклучување на ергономски одмарач за нозе при опремувањето на вашата канцеларија вие:

  • го зголемувате вашиот комфор,
  • си помагате да ја задржите правилната позиција на држење на телото и
  • го намалувате ризикот од повреда

Потребна ви е инспирација?

Разгледајте ги нашите каталози